пет-шеснаесетмина | бр.
Неопределено колку, петнаесетина или шеснаесетина.
пет-шест | бр.
Приближно, пет или шест.
пет-шестмина | бр.
Неопределено колку, петмина или шестмина.
пет-шестотини | бр.
Приближно, петстотини или шестотини.
пехар | м.
Сад за течност со тркалезна или конусовидна форма. Пехар со вино.
Пехчево | ср.
Град во Македонија.
пецка | несв.
Боцка. Го пецка нешто во окото.
пецне | св.
печалба | ж.
(разг.) Добивка, заработка. Нема голема печалба.
печалбар | м.
Тој што оди на печалба, што е на привремена работа во странство. Работи како печалбар.