печалбари | несв.
Работи како печалбар, е на печалба.
печалбарство | ср.
Престој на привремена работа во странство.
печален | прид.
Жален, тажен. Печален поглед. Печална разделба.
печали | несв.
Заработува. Ниту губи ниту печали. Печали пари. Печалат за живот.
печалник | м.
Тој што е добар домаќин. Печалник е, не пие, не пуши.
печат | м.
Предмет со изгравиран знак што прави отпечаток врз површина на хартија, восок и сл. со натискање; жиг, штембил. Црн печат. Црвен печат.
печатар | м.
Сопственик на печатница.
печатарство | ср.
Печатарска дејност.
печатач | м.
Компјутерска направа за печатење, дел од компјутер. Ласерски печатач.
печатен | прид.
За текст ‒ напишан со машина. Печатен текст. Печатен материјал. Печатна грешка.