печурка | ж.
Ниско растение без листови, со кусо стебло и врв во форма на шапка; габа; Fungus. Свежа печурка. Печурки за јадење. Отровни печурки. Сос од печурки.
печурник | м.
Пита со печурки.
пеш | прил.
Одејќи, чекорејќи се преместува од едно место на друго, се движи без превозно средство. Децата патуваа пеш до училиште. Автобусот замина и тој тргна пеш за селото. Пеш по светот.
пеш | м.
Преден дел од горна облека.
пеш | прид.
Што оди пешки.
пеша | прил.
пешадинец | м.
пешадија | ж.
Род војска што војува, главно, пеш. Лесна пешадија. Поморска пешадија.
пешак | м.
Тој што оди пеш.
пешачи | несв.
Се движи, оди пеш. Луѓето пешачеа цел ден.