пешачки | прид.
Што се однесува на пешак, што е наменет за пешак. Пешачки мост. Пешачка патека. Пешачка пушка. Пешачка жртва.
пешкеш | м.
Дар, подарок.
пешки | прил.
пешкир | м.
Памучна крпа во различна големина за бришење раце, лице, коса и др. Пешкир за лице. Разнобојни пешкири.
пешник | м.
Пченичен леб со тркалезна форма потквасен со маја. Пешник замесен со маја. Препечен пешник. Топли пешници.
пешоодец | м.
Тој што оди пеш. Група пешоодци.
пешт | м.
пештеж | м.
пештемал | м.
Голема крпа за бришење по капење. Бел пештемал.
пештемалџија | м.
Тој што произведува и продава пештемали, пешкири и др.