печати | несв.

а) Пренесува отпечаток на текст или слика врз хартија или врз друга подлога во определен број примероци. б) (разг.) Пишува на машина за пишување.

печатница | ж.

Работилница за печатење. Работи во печатница.

печаторезач | м.

Тој што прави печати;

печаторезница | ж.

Работилница каде што се прават печати.

пече | несв.

(кул.) Готви (храна) со загревање (на жар, под вршник, во фурна, во рерна). Пече месо и компири. Пече пита под вршник. Пече леб во фурна.

печеница | ж.

Чадено месо. Еден килограм печеница.

печено | ср.

Храна подготвена со печење. За ручек имавме печено.

печиво | ср.

Печени производи од тесто. Прашок за печиво.

печка | ж.

Затворена направа што работи на електрична енергија или друг вид гориво и се употребува за греење или за готвење. Електрична печка. Печка на дрва. Печка на гас.

печок | м.

Слаб, неразвиен човек;