пештера | ж.
Природна длабока празнина под земја или во планина со отвор, со влез на површината. Мрачна пештера. Испосничка пештера. Пештера во камен. Подземни пештери.
пештерски | прид.
Што се однесува на пештера. Пештерски воздух. Пештерска вода.
пејач | м.
Тој што пее, што умее да пее. Тој важеше за најдобар пејач во селото.
пејачки | прид.
Што се однесува на пејач и на пејачки. Пејачка дарба.
пејзаж | м.
Општ изглед на некоја месност, предел. Планински пејзаж. Урбан пејзаж. Летни пејзажи.
пејзажен | прид.
Што се однесува на пејзаж, што е составен од пејзажи. Пејзажен опис. Пејзажна лирика.
пејзажист | м.
(слик.) Ликовен уметник што слика, црта пејзажи.
пејовит | прид.
Што пее убаво, што е познат по убаво пеење; гласовит. Пиле пејовито.
пејоратив | м.
Погрден збор.
пејоративен | прид.
Погрден, што има грда смисла. Пејоративно значење. Пејоративен збор. Пејоративни образувања.