пејсмејкер | м.

Апарат вграден во телото на болниот што ја поттикнува работата на срцевиот мускул и ги регулира контракциите.

пељте | ср.

Овошен сок сварен со шеќер којшто се претвора во пивтија; желе. Пељте од вишни.

пељуш | м.

Вид кадифе. Женско палто од пељуш.

пељушен | прид.

Што е направен од пељуш. Пељушено палто. Пељушени завеси.

пењави | несв.

пењоар | м.

Женски долг домашен фустан што се облекува наутро и навечер. Шарен пењоар.

пи! | изв.

Извик за вабење пилиња, кокошки и др.

пив | м.

Голема вдлабнатина каде што се собира вода, голем вир.