пивар | м.
Тој што се занимава со производство на пиво.
пиварница | ж.
Фабрика за производство на пиво.
пиварски | прид.
Што се однесува на пивар и на пиварство. Пиварска индустрија
пиварство | и.
Пиварска дејност.
пивка 1 | несв.
Пие малку, голтка по голтка. Рибарите пивкаа ракија изладена во планинската река.
пивка 2 | несв.
За пилиња ‒ се огласуваат, цивкаат.
пивка | прид.
За вода ‒ што е добра за пиење. Пивка вода.
пивкост | ж.
Својство на тоа што е пивко, што се пие лесно.
пивнат | прид.
Што е пијан во мала мера; поднапиен. Пивнат човек.
пивне | св.
Испие малку течност. Тој скришум пивна ракија од шишето. Детето пивна неколку голтки чај. Гостите пивнаа, каснаа и брзо заминаа.