пивница | ж.
Место каде што како основен пијалак се точи пиво. Пивница во центарот на градот.
пивничар | м.
Сопственик на пивница.
пиво | ср.
Алкохолен пијалак направен од јачмен, хмељ, квасец и вода. Чаша пиво. Светло пиво. Црно пиво. Се пиеше пиво.
пивоквас | м.
Пијалак добиен од лебни продукти со ферментација на пивски квасец. Вкусен пивоквас со килибарна боја.
пивски | прид.
Што се однесува на пиво, што е наменет за пиво. Пивско шише. Пивски чаши.
пивтиест | прид.
Што е како пивтија, што има својство на пивтија. Пивтиеста смеса.
пивтија | ж.
Вид јадење од сварени нозе или глава на животно; пача.
Пигмеец | м.
Припадник на племе во Африка, познати по нискиот раст.
пигмент | м.
Природна материја во организмите од живиот свет што им дава боја на ткивата.
пигментација | ж.
Обоеност на ткивата и кожата на организмите како последица од таложење на пигмент.