пигментен | прид.

Што се однесува на пигмент, што содржи пигмент. Пигментна клетка. Пигментна материја.

пигментира | св. и несв.

Направи, прави боја со пигмент; обои, бои со пигмент.

пигмеј | м.

Човек со низок раст, кепец, џуџе.

пие | несв.

Голта течност (вода, млеко, сок, алкохолни пијалаци и др.). Планинарите пијат вода од изворите. Детето пие млеко. Гостите пиеја вино. Таа полека го пие кафето.

пиедестал | м.

Основа, подножје на статуа, споменик и сл.

пиеса | ж.

Кратко драмско дело наменето за сценска изведба, на радио и сл. Битова пиеса. Пиеса во три чина.

пиетет | м.

Длабока и вистинска почит, уважување. Тој со пиетет зборуваше за авторот на словенската азбука. Пиетет кон предците. Восхит и пиетет кон херојството.

пиење | ср.

(само едн.) Глаголска именка. Вода за пиење. Денот го започнал со пиење. Се оддаде на пиење.

пижама | ж.

Дводелна облека за спиење (блуза или кошула и широки панталони) од лесен и мек материјал. Облечен во пижама. Чисти пижами. Излитени пижами.

пижо | м.

Новороденче што не добило име.