палеолит | м.

Најраниот период од камената епоха; најстариот период од културната и антрополошката историја на човештвото.

палеонтолог | м.

Специјалист по палеонтологија.

палеонтологија | ж.

Наука за ископаните вкаменети остатоци од изумрените животни и растенија.

палеославист | м.

Специјалист по палеославистика.

палеославистика | и.

Наука за првиот, најстар, период од развојот на словенските јазици.

Палермо | ср.

Град на Сицилија, Италија.

Палестина | ж.

Област во Азија.

палета | ж.

Дрвена или пластична алатка, тенка, обично со тркалезна форма што сликарот ја држи в рака и му служи за мешање на боите. Светли бои на палетата.

палец | м.

Најдебелиот прст од раката или од ногата. Десен палец. Отисок на палец. Палци на нозете.