пикет | м.

Вид игра за двајца со триесет и две карти.

пикира | св. и несв.

Нагло се спушти, се спушта со авион кон целта. Авионот пикираше во правец на селото.

пикне | св.

Стави во нешто тесно со притискање, насила. Ги пикна рацете в џеб. Детето ја пикна топката меѓу решетките од оградата. Ја пикна кутијата в пазува.

пикник | м.

Заеднички излет со ручек во природа.

пиков | прид.

Што се однесува на пик.. Пикова дама.

пиколо | ср.

Момче што помага во угостителски објекти; ученик од угостителско училиште.

пикрински | прид.

Во составот: Пикринска киселина ‒ отровна кристална материја со жолта боја што се употребува како експлозивно средство.

пиктограф | м.

Сликовен симбол за збор или фраза.

пиктографија | ж.

Пишување со пиктографи; сликовно писмо.