пиктурален | прид.
Што се истакнува со сликарски својства; живописен.
пила | ж.
Направа со назабено челично сечило за сечење дрва со движење напред-назад. Рачна пила.
пилав | м.
Вид јадење од густо варен ориз попарен со масло.
пилана | ж.
Просторија или фабрика каде што дрвото во трупци се пили на штици, летви, греди итн. Шумска пилана.
пилаф | м.
пиле | ср.
Младо од птица (обично од кокошка) штотуку испилено. Пролетно пиле. Пилиња в гнездо. Квачка со пилиња. Се извеле пилиња. Цивкаа пилиња во селскиот двор.
пилешки | прид.
Што се однесува на пиле, што е од пиле. Пилешко месо. Пилешка чорба.
пилешко | ср.
Месо од пиле. Печено пилешко. Супа од пилешко.
пили | несв.
Сече со пила. Во пиланата пилеа дрва.
пили се | несв.
Се веде. Квачката се пили секоја година.