пиликатник | м.

Специјално ограден простор на Дојранското Езеро што служи за ловење риби со помош на езерските птици.

пилило | ср.

Пилиња од едно ведење.

пилинг | м.

Во козметиката ‒ отстранување на изумрените клетки од горниот слој на кожата од телото.

пиличе | ср.

Деминутив од пила.

пиличка | ж.

Дем. од пила.

пилиштарец | м.

Млад, неопитен, наивен човек.

пилот | м.

Тој што управува со авион, хеликоптер и сл. Пилот на патнички авион. Воен пилот.

пилотажа | ж.

Вештина на управување со авион, пилотирање.

пилотира | несв.

Управува како пилот со авион или со брод. Тој пилотираше два часа.

пилула | ж.

Мал компактен лек во форма на плочка или топче за внатрешна употреба, таблета. Пилула за главоболка. Таа зема три пилули дневно.