пилци | и.
Множина од пиле.
пинакотека | ж.
Постојана галерија на слики, збирка на слики.
пингвин | м.
Голема црно-бела јужнополарна морска птица, што не лета, оди исправено и тромаво, но вешто плива; Aptendytes forsteri.
пинг-понг | м.
Игра меѓу двајца или меѓу две двојки што се игра со мали и цврсти рекети и лесно топче на маса поделена со мрежа.
пингпонгар | м.
Играч на пинг-понг.
пинија | ж.
Иглолисно дрво чии гранки на врвот се разгрануваат во форма на чадор; Pinus pinea.
пинцета | ж.
Метална направа со два крака во форма на маша што служи за фаќање ткиво, ситни предмети, кубење и сл.
пинџур | м.
Вид јадење од печени толчени пиперки, домати и печен модар патлиџан.
пион | м.
Мала шаховска фигура; пешак 3.
пионер 1 | м.
Човек што меѓу првите дошол, се населил во неистражена, ненаселена област.