пионер 2 | м.
Член на организација во повоена Југославија што опфаќала деца на возраст од 7 до 14 години. Титови пионери.
пипа | несв.
Фаќа со раце, со прсти, допира, гиба.
пипав | прид.
Што е бавен, што работи полека. Пипав е во рацете.
пипало | ср.
Долг подвижен израсток кај некои животни што служи како орган за допирање, фаќање или движење. Пипалата на октоподот. Пипала на пајак.
пипер | м.
Градинарско растение со месест плод што се јаде зелен или зрел; Capsicum, Piper.
пиперен | прид.
Што е од пиперки.
пиперица | ж.
Вид тревно растение; Linaria vulgaris.
пиперка | ж.
Плод на растението пипер. Лута пиперка. Црвени пиперки. Печени пиперки. Пиперки за сушење.
пиперкар | м.
Тој што произведува и продава пиперки.
пиперлив | прид.
За храна - што содржи многу пиперки; лут.