пирамидален | прид.

Што е сличен на пирамида. Пирамидален грозд.

пирана | ж.

Граблива слатководна риба со многу остри заби и со незаситен глад; Serrasalmus.

пират | м.

Морски разбојник; Брод на пирати.

пиратерија | ж.

Пиратство.

пиратство | ср.

Разбојништво на море, пиратска дејност.

пирг | м.

(арх.) Столб, кула, тврдина.

пире | ср.

Кашеста смеса подготвена со толчење или мелење на зеленчук, овошје и сл. Пире од компир. Пире од домати. Пире од костени.

пиреј | м.

Жилаво тревно растение од групата плевели што тешко се искоренува, брзо се размножува и лесно се шири; Agropyrum repens = Triticum repens.

Пирин | м.

Планина во Пиринска Македонија, Бугарија.

Пиринеи | и.

Планински масив во Европа, помеѓу Франција и Шпанија.