пиперница | ж.
Посатка (најчесто дрвена) за чување црвен пипер.
пиперолист | м.
Тревно растение што има листови слични на пиперот; Aegopodium podagraria.
пипета | ж.
Тенко стаклено цевче што завршува со гумена наставка за преточување на течност во мали количини, капка по капка.
пипица | ж.
Мушички, штетни инсекти што се јавуваат кај кокошките.
пипка | ж.
Заразна болест кај кокошките.
пипка (се) | несв.
пипне | св.
Допре еднаш со пипање. Ја пипна драсканицата на раката.
пир | м.
Голема гозба. Богат пир. Свадбен пир.
пиралка | ж.
Дрвен предмет во форма на лопатка со куса рачка со кој удирајќи се цеди тоа што е испрано. Жените переле со пиралки на река. Девојката ја креваше пиралката и удираше во јамболлијата.
пирамида | ж.
(мат.) Геометриско тело со многуаголна основа и коси триаголни страни со заеднички врв.