палешт | прид.
Што има многу лут вкус. Палешта пиперка.
пали | несв.
Прави нешто да гори. Коледарите палеа оган.Тој трипати палеше чкорче во темницата. Мајсторот палеше нова цигара.Тој го палеше лулето со гламја од огништето.
паливо | ср.
Паликир | м.
Главен град на Микронезија.
паликуќа | м.
Тој што намерно запалил куќа некому; тој што подметнува пожар.
палило | ср.
Средство за палење, сè што служи за палење.
палимпсест | м.
Стар пергаментен ракопис чиј првобитен текст е избришан и врз неговите страници е напишан нов текст.
палиндром | м.
Збор што се чита еднакво и однапред и одзади и притоа значењето не се менува. Потоп.
палир | м.
Раководител на ѕидари и група работници на градба. Палир во градежно претпријатие.
палисад | м.