писка 1 | ж.

Дел од дувачки инструмент, обично во форма на цевка каде што се создава звукот.

писка 2 | ж.

Коската од коленото до глуждот.

писка | несв.

Плаче со писок од болка, жал и др., вреска. Жени пискаа и бараа помош. Пискаа деца од страв.

пискав | прид.

пискавец | м.

Вид тревно растение; Succisa pratensis.

писклив | прид.

Што има својство на писок. Писклив глас. Писклива свирка. Пискливи звуци.

пискот | м.

Писок, вресок. Страшен пискот. Пискоти и плач. Пискот во сон.

пискотен | прид.

Што е со пискот, што пискоти. Пискотни расправии.

пискоти | несв.

Писка, вреска.