пискотница | ж.
Пискање, врескање. Викотници и пискотници.
пискул | м.
Реси врзани во снопче. Срмен пискул. Фес со пискул. Црн пискул на војничка капа.
писмен | прид.
Што е изразен со писмо; напишан; устен. Писмен испит. Писмена задача. Писмена изјава. Писмени известувања.
писменост | ж.
Оспособеност за читање и пишување и добро познавање на правописните правила. Писменоста кај децата од ова одделение е доста добра.
писменце | ср.
Дем. од писмо.
писмо | ср.
Напишана или отпечатена порака (обично во коверт) испратена до некого. Писмо за пријателите. Деловно писмо. Љубовни писма.
писмоносец | м.
Поштар што разнесува пошта.
писмуле | ср.
писне | св.
Силно спишти, вресне со продорен глас. Детето писна од болка. Жената писнала со очајнички глас.
писоар | м.
Машки клозет за мала нужда.