питекантроп | м.

Најстар фосил од праисториски човек пронајден на Јава.

питом | прид.

За животно ‒ што е припитомен, што е одгледуван од човек; див. Питом зајак. Питом гулаб. Питома гуска. Питоми животни.

питомец | м.

Момче, млад човек што се воспитува во дом, во интернат и сл. каде што престојува и се школува; воспитаник. Воен питомец. Питомец на Полициска академија. Живееше како државен питомец во интернатот за учениците – бегалци.

питоми | несв.

За животно ‒ со одгледување прави да стане питом, спитомува, скротува. Некогаш ги питомеа дивите коњи. Соседот питомеше волче.

питомина | ж.

Питомо место, питом крај. Јужна македонска питомина.

питон | м.

Род најголеми неотровни змии што живеат во тропските краеви (Африка, Индија) и го убиваат пленот со давење; Pyton recutilatus.

питореска | ж.

Дело на ликовната уметност, слика со живи бои.

питорескен | прид.

Што е сликовит, живописен. Питорескен плоштад. Питорескни предели.

Питсбург | м.

Град во САД.