писок | м.

Краткотраен силен звук, вресок. Писок од силна болка. Морничави писоци. Тишината ја нарушуваше испрекинат писок. Над селото се слушаше лелекот на децата и писокот на жените.

писта | ж.

Дел од аеродром, патека за полетување и слетување на авиони.

пита 1 | несв.

Бара милостина; проси. Старицата пита пред црква. Деца питаат леб.

пита 2 | несв.

пита | ж.

(кул.) Вид сукано тесто, баница. Пита со праз. Тесто за пита. Сучена пита. Пити со јаболка.

питар | м.

Тркалезно лепче озгора со некаква шара.

питач | м.

Тој што пита, што бара милостина. Парталав питач. Бездомен питач. Питач со стап. Питачи со подадена рака.

питачки | прид.

Што се однесува на питач и питачка, што припаѓа на питач и питачка. Питачка работа. Питачки стап. Питачки деца.

питачлак | м.

Питаштво.

питаштво | ср.

Питачки живот, социјална беда, сиромаштија.