питулица | ж.
Меко тесто испржено на масло; мекица, тиганица.
пица | ж.
Танко печено тесто, премачкано со доматен сос и прекриено со салама, зеленчук, сирење, кашкавал, јајца и сл.
пицерија | ж.
Место каде што се приготвуват и се служат пици.
пичка | ж.
Женски полов орган; вагина.
пиша | несв.
Моча.
пишало | ср.
Писалка.
пишан | прид.
Што е изразен со писмо, писмен, напишан. Пишан текст. Пишан документ. Пишан збор. Пишани споменици.
пишанија | ж.
(арх.) Нешто што е судбински определено
пишанка | ж.
Цртичка што означува една единица во игра со карти.
пишано | ср.
Судбина.