пише | св.
Напише некаков текст. Тој не пиша повторно. Стихот што го пиша го избриша.
пишија | ж.
Вид подебела пржена палачинка од квасено тесто. Им испржи пишии за појадок.
пишка | несв.
Јачи, лелека, офка.
пишман | прид.
Што се кае, што жали поради некоја постапка.
пишмани | несв.
Прави некого да стане пишман, расколебува некого, одвраќа некого од некаква намера. Родителите го пишманеа, тие не сакаа да замине во странство.
пишманлак | м.
Каење, откажување од некаков договор.
пишталка | ж.
Направа, свирка што испушта продорен звук, писок, свирка. Дрвена пишталка. Пишталката писна и возот тргна.
пиштало | ср.
пишти | несв.
писка_1 Пишти мајката завиена во црно. Детето срипа од сонот и почна да пишти.
пиштол | м.
Кратко огнено оружје со магацин за куршуми за стрелање со една рака на мали растојанија.