планинари | несв.
Се искачува на планински места и планински врвови за рекреирање или спортување. Тие често планинареа на Водно.
планинарство | ср.
Искачување на планински места и планински врвови.
планинец | м.
Тој што живее во планински крај, во планинска населба. Бистри планинци.
планински | прид.
Што се однесува на планина Планински врв. Планински воздух. Планинска клима. Планински села. Планински пасишта. Планински дождови.
планира | св. и несв.
Направи, прави план, состави, составува програма, проектира нацрт. Планира изградба на куќа. Научниот совет ќе планира нови проекти за работа.
планктон | м.
Ситни микроскопски организми кои лебдат на површината на водата носени од водена струја.
планомерен | прид.
Што се извршува според установен план. Планомерна активност.
плански | прил.
Според план, со план. Народните песни се собираа плански. Стопанството се развиваше плански.
плански | прид.
Што се однесува на план 2. Плански задачи.
плантажа | ж.
Голема обработлива површина засадена со определена култура (памук, кафе, чај и др.). Плантажа со шеќерна трска. Плантажи со ориз. Крајбрежни плантажи. Сопственик на плантажи.