плантажен | прид.
Што се однесува на плантажа. Плантажна работа. Плантажни насади.
плантажер | м.
Сопственик на плантажи. Богат плантажер.
плапоти | несв.
Брбори, дрдори. Везден плапотеа жени на улица. Доста плапотиш!
плас! | изв.
За подражавање на звук што се слуша при ненадеен удар или при нешто што паднало испружено или што пласнало. Во вирот нешто направи: шлап, плас, шлап, плас!
пласира | св. и несв.
Изнесе, изнесува производи на пазар, продаде, продава со рекламирање. Земјоделците ги пласираа своите производи на домашните пазари. Квалитетниот зеленчук го пласиравме надвор од земјата.
пласка | несв.
плеска.
пласкица | ж.
Плоскат метален сад за ракија.
пласкоти | несв.
Пласка.
пласман | м.
Пласирање, продажба на стоки.
пласне | св.
Падне нешто, се испружи некој со звук како при ненадеен удар или како при удар во вода. Внимавај, ќе пласне ќесето млеко на подот! Девојчето се подлизна и пласна во калта.