платица 2 | ж.
Тенка штица. Делкани платици од бука.
платица 3 | ж.
Вид риба; белвица. Нафатија јадри платици.
платичак | м.
Вид даб, сладун; Qvercus conferta.
платичка | ж.
платлив | прид.
Што треба или што може да се плати.
платнар | м.
Тој што ткае или што продава платно.
платнарница | ж.
Фабричко одделение во кое се изработува платно.
платнен | прид.
Што е направен од платно. Платнени гаќи. Платнена кошула. Платнена вреќа.
платненце | ср.
платниште | ср.
Парче платно во природна ширина како што е ткаено. Беше завиткан во долго бело платниште.