платно | ср.
Мазна ткаенина од памук или лен. Носеше фустан од бело платно. Бело платно. Триста лакти платно. Ткаеше платно од утро до вечер.
платноса се | св.
Стане блед во лицето, побледи, побледне.
плато | ср.
Широка висорамнина. Трлото беше поставено на едно плато над шумата.
платонизам | м.
Идеалистичка филозофија на античкиот филозоф Платон и на неговите следбеници.
платонски | прид.
Што се однесува на Платон и на платонизам.
платформа | ж.
Рамна, издигната површина за некоја намена; подиум.
плафон | м.
таван.
плафонерка | ж.
Лустер што се прицврстува непосредно на плафонот и што лежи на плафонот.
плац | м.
Место за градење, градежно земјиште. Купивме плац за викендичка.
плацдарм | м.
Простор на кој се подготвува и се одвива една воена операција.