платан | м.

Чинар; Platanus orientalis.

платежен | прид.

Што се однесува на плаќање, што служи за плаќање, со кој се плаќа. Платежно средство.

платен | прид.

Што се однесува на плаќање. Платена поштарина.

платеник | м.

Платен војник во странска војска.

плати | св.

Даде пари за купено, за извршена работа, за услуга; надомести нешто со противвредност. Јас ги платив книгите, а ти ќе платиш за кафето и сокот. Патните трошоци ги плаќа Министерството за наука. Тој го плаќа школувањето на внукот. Тој набрзина плати и си замина. Тој ја плати штетата што ја направи син му.

платина | ж.

Сивобел благороден хемиски елемент, блескав метал; симбол Pt.

платинест | прид.

Што е по вредност како платина, што личи на платина.

платински | прид.

Што е од платина.