плашт | м.

(арх.) Дебела волнена наметка без ракави.

плаштаница | ж.

(црков., истор.) Ленено платно, крпа, погребна облека од тенко платно.

плаќа | несв.

плаќач | м.

Тој што плаќа, тој што редовно плаќа.

плебеец | м.

Во стариот Рим ‒ припадник на понискиот слој од населението, слободен, но неполноправен граѓанин.

плебејски | прид.

Граѓански, неблагороднички; што му припаѓа на народот, на простиот народ, простонароден. Плебејско потекло. Плебејски маси.

плебејство | ср.

(истор.) Плебејците во стариот Рим.

плебисцит | м.

Сенародно гласање, непосредно одлучување на народот за некое прашање од општ интерес; референдум.

плебисцитарен | прид.

Изгласан со плебисцит, со сеопшто народно гласање.