плева | ж.

Сламчиња и лушпи, остатоци при вршење на житото што се отстрануваат со веење. Сламата и плевата се користат како храна или како постилка за животните.

плевач | м.

Тој што плеви.

плевел | м.

Растенија, самоници штетни за земјоделските култури. Плевелите се уништуваат со редовно плевење.

плевелен | прид.

Што се однесува на плевел. Плевелни растенија. Плевелни семиња.

Плевен | м.

Град во Бугарија.

плеви | несв.

Чисти, отстранува плевел. Жената плевеше, а мажот ги однесе коњите на поилото. Таа ги плевеше доматите, а со плевелот ја дохрануваше стоката.

плевна | ж.

Зграда во земјоделско стопанство во која се чува слама, сено и сл.

плевотина | ж.

Пејоратив од плева.

плевра | ж.

Обвивка, ципа што ги покрива белите дробови.

плеврит | м.

Воспаление на плеврата