Плачковица | ж.

Планина во Македонија.

плачлив | прид.

Што е склон кон плачење, што плаче многу или често за сенешто, што е плачко. Плачливо дете.

плаши | несв.

Задава некому чувство на страв. Тој ги плашеше домашните со своето чудно однесување. Полјакот со викање го плашеше јатото чавки. Планината го плашеше момчето со нејзината дивина и непристапност. Ненадејните средби ја плашеа девојката.

плашило | ср.

Направена човечка фигура од стари партали и поставена на нива, на лозје и сл. со цел да ги плаши птиците. Плашило за на бостан.

плашица | ж.

Вид риба во Охридското Езеро, ситна и со седефно сјајно тело; Alburnus albidus.

плашичар | м.

Тој што лови плашици.

плашичарка | ж.

Вид риба летница што се храни со рибата плашица во Охридското Езеро.

плашичарник | м.

Рибарска мрежа со која се лови рибата плашица.

плашлив | прид.

Што многу се плаши, што лесно се плаши. Плашливо дете.

плашливец | м.

Лице што многу и лесно се плаши; плашливко.