пливалиште | ср.

Место каде што се плива; базен. Спортско пливалиште.

пливач | м.

Лице што знае да плива.

пливачки | прид.

Што се однесува на пливач или на пливање. Пливачки натпревар. Пливачки спорт. Пливачки клуб.

пливање | ср.

Рекреативна или спортска дисциплина во категоријата спортови на вода.

пливка | ж.

Лесен предмет што не тоне (од плута, дрво, морска пена и сл.) наменет за јадица, рибарска мрежа, за обележување линија, граница на вода, за кандило итн.

пливне | св.

Почне да плива.

плик | м.

Хартија превиткана и залепена, со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл.; коверт. Ги отпечати пликовите со адреси. На пликот залепи марка, ја напиша адресата и го пушти во поштенското сандаче. Плик со пари.

плико | ср.

плипот | прил.

Во голем број, во огромно количество. Се зададе плипот аскер. Плипот народ имаше на плоштадот.