плех | м.

лим.

плешка | ж.

Коска од задната страна на рамото кај човекот или предните нозе кај животните со мускулите околу неа; лопатка.

плејада | ж.

Група истакнати јавни личности, обично на една генерација, на една епоха. Плејада од истакнати уметници.

плејбек | м.

Јавен настап, говорење или пеење во синхронија со претходно снимен текст, музика во студио.

плејбој | м.

Добро ситуиран, но неодговорен за своите постапки млад човек оддаден на уживање и задоволства.

плејмејкер | м.

Играч што ја води играта на својот тим.

плејоф | м.

Натпревар или серија натпревари меѓу два или повеќе тима за да се избере најдобриот.

плеќат | прид.

Што е со широки плеќи. Плеќест маж

плеќи | и.

Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот. Момчето имаше широки плеќи.

плива | несв.

а) Се движи во вода правејќи потребни движења со рацете и нозете, со телото, односно со органите (кај рибите и др.) приспособени за тоа. Тој плива уште од мал. Пливачите пливаат веќе еден час. Рибите пливаа во аквариумот наваму натаму. Кучето пливаше од едниот крај на езерото на другиот. б) Тренира пливање. Таа плива веќе две години.