плодиште | ср.
Место каде што се врши плодење. Неколку стебленца пченка се излезени од едно место, од едно плодиште.
плодник | м.
Орган за размножување во цветот на растението каде што се врши опрашувањето и се развива плодот. Кај цветот на виновата лоза прашниците се во височина на плодникот.
плодница | ж.
Дел од плодникот каде што се врши оплодувањето. Цутот на лозата има плодник со плодница и толчник.
плодов | прид.
Што се однесува на плод.
плодоносен | прид.
Што дава многу плод, што има многу род. Плодоносни растенија. Формирање на плодоносни органи.
плодоред | м.
План за искористување на вегетативна средина, пред сè климата, почвата, по пат на планско менување на културите по време и простор.
плодороден | прид.
Способен да дава плод, што дава многу плод; плоден. Плодородна сорта. Плодородна земја. Плодородни полиња.
плодородие | ср.
Својство на тоа што е плодородно.
плодотворен | прид.
Што создава многу, што дава добри резултати; плоден. Плодотворна дејност. Плодотворен писател.
плодоуживање | ср.
Право на користење на подвижни и неподвижни работи, а да не се менува нивната суштина.