Плоешти | ср.
Град во Романија.
пломба | ж.
Парче олово, восок и сл., обично со печат, со кое се затвора нешто (пакет, писмо, просторија и др.) како знак дека не смее да се отвори и не може да се стигне до содржината без да се скрши. Инспекцијата стави пломба на неколку дуќани поради санитарна неисправност. Писмото имаше пломба од црвен восок.
пломбира | св. и несв.
Постави, поставува пломба, затвори, затвора со пломба. Ги пломбираа пакетите пред да ги натоварат на вагоните.
пломбиран | прид.
Што се однесува на пломба, што е со пломба. Пломбиран заб.
плоска | ж.
Плоскато шише, обично за ракија. Често ја подига плоската.
плоскав | прид.
плоскат | прид.
Што има рамна површина. Плоскато лице. Порано луѓето мислеле дека земјата е плоската.
плоскач | м.
Вид даб; Quercus sonferta.
плот 1 | м.
Ограда од преплетени прачки, штици, жици и др. Еден плот ги дели нашиот и нивниот двор
плот 2 | ж.
Човечкото тело во смисла на неговите надворешни физички својства и на сетилноста.