плуска | несв.
Удрира предизвикувајќи плускот, прави шум при брзо паѓање, силно удирање по некоја површина. Камшикот плуска по грбот на момчето. Плускаат куршуми.
плуска | ж.
плускавец1
плускав | прид.
Што е со плуски. Плускави раце.
плускавец 1 | ж.
Меур на кожата добиен од триење, од изгорено, каснато од инсект и сл
плускавец 2 | м.
Ливадска, медоносна и лековита билка со плод топчеста или јајцевидна чаура; Silene vulgaris.
плускавичав | прид.
Што е со плускавци.
плусквамперфект | м.
Сложено глаголско време кое означува дејство што се случило пред некое друго дејство во минатото; одамна минато време, предминато време. Кога ги побаравме, тие веќе беа излегле од дома.
плускот | м.
Звук што се слуша при удар, при плускање, плускотење; тресок. Од надвор се слуша плускотот на дождот по прозорците.
плускоти | несв.
Треска, удира со плускот. Надвор плускоти дождот.
плускотница | ж.
Плускот, плускотење.