плусне | св.
Удри предизвикувајќи плускот, рака со рака, плоскат предмет со друг предмет, при удар во вода и сл. Плусна со рацете. Ги плусна двете штички една од друга. Се фрли и силно плусна во водата.
плута | ср.
Лесен материјал добиен од африканскиот даб Querqus suber што не пропушта вода. Затки од плута. Потпетици од плута.
плутократ | м.
Припадник на најбогатиот слој од владејачката класа, кој има влијание и власт благодарејќи на своето богатство.
плутократија | ж.
Владеење на богатите, превласт на парите и богатството во една држава.
плутониум | м.
Вештачки добиен радиоактивен хемиски елемент што се користи како гориво во нуклераните реактори или како нуклеарен експлозив; симбол Pu.
пневматик | м.
Гумено тркало на возило, авион и сл. надуено со воздух.
пневматика | ж.
Дел од физиката што ги проучува механичките својства на воздухот и на гасовите (тежината, густината, еластичноста, притисокот итн.).
пневматичен | прид.
Пневматични машини.
пневматски | прид.
Што се однесува на воздух и ветар.
пневмонија | ж.
Воспаление на белите дробови.