плукалница | ж.
плуканица | ж.
плуканка | ж.
плукне | св.
Исфрли од уста плунка или нешто друго. Ранетиот плукна крв. Капетанот енергично плукна настрана.
плунка | ж.
Продукт на плунковите жлезди во устата. Устата му се наполни плунка.
плунковен | прид.
Што се однесува на плунка. Плунковни жлезди.
плурал | м.
плурален | прид.
Што се однесува на плурал. Плурална наставка. Плурални форми.
плурализам | м.
Филозофско учење според кое светот се состои од множество самостојни суштини, супстанции.
плус | м.
(мат.) а) Математички знак за означување на операцијата собирање (+); минус. б) За означување дека дадена величина се додава кон друга, т.е. се означува операцијата собирање на два или повеќе броја. Два плус два се четири. в) (само едн.) Ознака за позитивни броеви, т.е. броеви поголеми од нула. Температурата на воздухот е плус пет степени.