пневмоторакс | м.
Една од постапките во лекувањето на белодробната туберкулоза.
Пном Пен | м.
Главен град на Камбоџа.
по- 1 | претс.
Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења.
по- 2 | чест.
Претставка со споредбено значење.
по- 3 | претс.
Претставка во состав на придавки со значење ‒ што се случува, што доаѓа по тоа што е означено со основната придавка: повоен, подипломски, попладневен, посмртен.
по | чест.
Во изрази со негиран глагол доаѓа со компаративно значење: по не го познава, по не им кажува, по не се караат;
по | предл.
Пространствени значења: а) Место на вршење на дејството, обично горниот дел на нешто. Не смеат да итаат, ползат по снегот. Петлите кукуригаат по плотовите. б) Предмет врз кој се врши дејството. При секое поздравување ме потчукнува по рамо. Удри го по раце, не по глава, в) Поширок простор каде што се одвива некое дејство без определена насока. Често шеташе по полето. Пеш по светот. г) На второ место, зад некого или нешто. Мажите одат напред, а жените по нив. Застанете во редицата по последниот пријавен. д) Правец, насока на дејството. Го следеше пловењето на едреникот по реката.
По | ср.
Река во Северна Италија.
поалбанчи | св.
поалови | св.
Стане алов. Капетанот поалове, помодре од лутина.