победник | м.

Тој што победил.

победнички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на победник или што е во некоја врска со победа. Победничка екипа. Победнички потег. Победнички гол (поен). Победнички триумф. Победнички пехар.

победоносен | прид.

Што донесол или што донесува победа. Победоносна борба. Победоносен удар.

победоносец | м.

Тој што победил;

побели | св.

а) Стане бел. Покривите побелеа од снег. б) За коса ‒ стане бела (некому). Прерано ми побелела косата.

побере | св.

Помине кратко време во берење.

побесни | св.

Стане бесен, добие беснило. Кучето побесне.

побеќарува | св.

Помине некое време како беќар.

побива | несв.