побие | св.

(ретко) забие_1

побие се | св.

Во изразот: се бие шега ‒ исмее некого, направи шега со некого. Ќе се побие шега со него.

побирок | м.

Грозје што останало по бербата.

побледи | св.

Стане блед. Девојчето побледе од страв.

побожен | прид.

Што е исполнет со вера во бога и ги исполнува верските обреди. Побожна старица.

поболедува | св.

Боледува малку, кратко време.

поболи 1 | св.

Доведе некого во состојба да се разболи. Облечи го добро детето, да не го поболиш на студов.

поболи 2 | св.

безл. Боли малку, кратко време. Ќе поболи малку и ќе престане.

поборник | м.

Тој што се застапува за нешто, што брани нешто. Поборник за заштита на животната средина.