побарувач | м.
Тој што побарува долг, што има право нешто да наплати.
побарувачка | ж.
Барање на стоки или на определен производ од страна на купувачите; Голема побарувачка. Слаба побарувачка.
побарување | ср.
(обично во едн.) Глаголска именка од (се) побарува.
побашка | прил.
побања | св.
Бања некого малку, кратко време.
побегне | св.
а) Со трчање, бегање успее да се оддалечи од некого, избега некому. Одвај му се истргал од раце и побегнал. б) (прен., разг.) За превозно средство ‒ тргне пред пристигањето на патникот што задоцнил. За малку ми побегна возот.
победа | ж.
Успех во воена операција, во војна. Победа над окупаторот. Победа над фашизмот.
победен | прид.
Што се однесува на победа, што е во врска со победа. Победна песна. Победна насмевка.
победи | св.
Извојува победа во битка, во војна, порази непријател.
победител | м.