побранува се | св.
Се бранува малку, кратко време.
побрати | св.
побратим | м.
Тој што се прогласува за брат со некого според определен обред (заедничко испивање вино, мешање крв и сл.). Тие сега станаа побратими со крвта.
побратими | св.
Земе некого за побратим;
побратимица | ж.
Жена на побратим.
побратимка | ж.
Жена во побратимски однос со маж.
побратимски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на побратим и на побратимка.
побратимство | ср.
Побратимска врска, однос меѓу побратими.
побрго | прил.
побрза | св.
Почне да прави нешто побрзо. Те молам, побрзај, додека не дошле.