повеќегодишен | прид.
Што има, што трае повеќе години. Повеќегодишно растение. Повеќегодишна соработка.
повеќедневен | прид.
Што има, што трае повеќе дена. Повеќедневно советување.
повеќезначен | прид.
Што има повеќе значења. Повеќезначен збор.
повеќекатен | прид.
Што има повеќе катови. Повеќекатна зграда.
повеќекатница | ж.
Зграда со повеќе катови.
повеќекомпонентен | прид.
Што е составен од повеќе компоненти, што има повеќе компоненти. Повеќекомпонентен состав. Повеќекомпонентна смеса.
повеќекратен | прид.
Што се повторува повеќе пати. Повеќекратни разговори. Повеќекратен успех.
повеќемесечен | прид.
Што има, што трае повеќе месеци. Повеќемесечно бебе. Повеќемесечно отсуство.
повеќемина | прил.
За лица ‒ повеќе луѓе, повеќе души. Повеќемина чекаа надвор. Повеќемина му откажаа. Повеќемината од тие луѓе беа секогаш со него.
повеќенаменски | прид.
Што има повеќе намени, што е наменет за повеќе цели. Повеќенаменски апарат. Повеќенаменска употреба.