повеќенационален | прид.
Што се состои од повеќе нации или припадници на народи. Повеќенационална држава. Повеќенационален состав на населението.
повеќепартиски | прид.
Што има, што се состои од повеќе партии. Повеќепартиски систем. Повеќепартиска коалиција.
повеќепати | прил.
Повторено неколку пати, повеќе пати. Повеќепати го посетиле. Повеќепати се сретнале.
повеќеслоен | прид.
Што има, што се состои од повеќе слоеви. Повеќеслојна структура.
повеќестепен | прид.
Што се состои од повеќе раздели, делови. Повеќестепена ракета.
повеќестран | прид.
Што има повеќе страни. Повеќестрана фигура.
повеќефазен | прид.
Што има повеќе фази; што се одвива во повеќе фази. Повеќефазен развој.
повеќечасовен | прид.
Што траел, што трае повеќе часови. Повеќечасовно дежурство.
повеќејазичен | прид.
Што е на повеќе јазици; што говори на различни јазици. Повеќејазичен речник. Повеќејазично население.
повива (се) | несв.