повесмо | ср.

Пласт волна, лен, памук што се става на урката за предење.

повест | ж.

Прозно литературно дело со поупростено сиже одошто на роман, а посложено од расказ.

повечерие | ср.

(црков.) Една од одделните црковни служби; вечерна, повечерје, полноќница.

повејува | несв.

повеќе | прил.

Компаратив од многу. Колку повеќе се оддалечуваше од селото, толку потешко му беше. Сакаше повеќе да слуша одошто да зборува.

повеќе- | претс.

Како прв дел од сложен збор значи дека означеното со вториот дел се содржи, го има во поголем број: повеќедневен, повеќеслоен.

повеќебој | м.

Натпреварување во повеќе гранки на атлетиката.

повеќевековен | прид.

Што има, што трае повеќе векови. Повеќевековна традиција.