повиваче | ср.
Мало дете, бебе што се повива во пелени.
повивка | ж.
Тоа што служи за повивање (пелена, платно и сл.).
повидок | м.
Простор што може да се опфати со поглед; видик, хоризонт. На повидок се појави човек на коњ. На повидок се нови, млади сили на општеството.
повие 1 | св.
а) Завитка, обвие дете во пелени. Бабата го пови бебето во нова пелена. б) Завитка, замота во нешто. Го пови со ќебето да не му достуди.
повие 2 | св.
Вие малку, кратко време; Ќе повијат, повијат, а после како волците да ги немало.
повик | м.
Усно или писмено обраќање заради нешто (да се дојде, да се учествува, да се направи нешто). Повик за мир. Повик на борба. Повик до граѓаните. Повик за помош.
повика | св.
Упати усна или писмена покана; покани. Го повикале цело село на свадба. Ги повикал роднините на вечера.
повикан | прид.
Глаголска придавка од повика.
повини се | св.
повинува се | несв.
Се потчинува, се покорува на нечии барања, наредби, прописи и сл. Секој е должен да се повинува на редот и законот.