погодбен | прид.
погоден 1 | прид.
Глаголска придавка од погоди.
погоден 2 | прид.
Што одговара, соодветен за нешто, за дадена потреба, намена итн.; згоден, поволен. Погоден момент. Погодни зборови. Погодна храна. Погодна почва. Погодна температура. Погодно време и место. Погодни околности. Погоден за обработка. Погодно за носење.
погоди | св.
Даде точен одговор, точно каже, се домисли, одгатне. Се зачуди кога погодив што работи. Погодете што ви донесов. По гласот погодија кој е. Не можеше да ја погоди нивната намера. Мислеше дека му ги погоди мислите.
погодност | ж.
Својство на тоа што е погодно за нешто.
погодок | м.
Удар во целта при гаѓање.
погодувач | м.
поголтне | св.
голтне.
погон 1 | м.
(техн.) а) Сила што движи нешто. Електричен погон. Реактивен погон. б) Извор на таа сила. Како погон се користи сончевата енергија. И ветрот може да биде погон.
погон 2 | м.
Мера за површина на обработливо земјиште; загон.